Дома Фудбал Италија Проблем за „бјанконерите“ пред клучните натпревари!

Проблем за „бјанконерите“ пред клучните натпревари!

Покрај Рома и екипата на Јувентус ќе биде ослабена во големото дерби од 36 коло од италијанската Серија А.

Откако пред два дена пристигнаа информации дека првиот стрелец на Рома и Серија А, Един Џеко ќе го пропушти натпреварот против Јуве, како и дека настапот на Наинголан е под знак прашалник, лоши вести стигнуваат и за навивачите на „старата дама“.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Имено, играчот од средината на теренот на овој тим, Клаудио Маркизио, ќе го пропушти неделниот натпревар поради болки во мускулот на левата нога.

Од Јувентус порачаа дека тој би требало во текот на наредните два дена да биде изложен на детални прегледи, после кои би се утврдила тежината на повредата.

Да потсетиме, Маркизио оваа сезона одигра 15 натпревари во Серија А, запиша три асистенции и постигнал еден погдок.

Неговиот настап е под знак прашалник и за финалето на Купот против Лацио на 17-ти мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…