Дома Фудбал Проблем за Барселона: Нова повреда за Ансу Фати

Проблем за Барселона: Нова повреда за Ансу Фати

Фудбалерот на Барселона, Ансу Фати повторно не е на располагање на тренерот Роналд Куман поради повреда, потврдија од каталонскиот тим.

Ансу Фати има болки во десното колено. Поради тоа не е во тимот, неговото враќање ќе зависи од опоравувааето“, се наведува во краткото соопштение.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Младиот фудбалер се повреди во текот на натпреварот со Реал Мадрид претходниот викенд и од игра излезе во 74. минута. На прес-конференцијата Куман соопшти дека Фати има проблем и дека повредата не е сериозна.

Барселона денес игра против Рајо Ваљекано, а во сабота ја чека меч со Алавес, додека во вторник ќе се сретнат со Динамо во Лигата на шампионите. Неизвесно е дали Фати ќе биде спремен за тие два натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо го избра најдобриот фудбалер кој некогаш го видел

Еден од најдобрите фудбалски тренери во последните 30 години е Жозе Мурињо, човекот кој ос…