Вчера беше одржана петтата трка од шампионатот на Формула 1 во Мајами. Триумфираше Макс Верстапен пред Шарл Леклер, додека Луис Хамилтон беше шести.
Уште еднаш Мерцедес не беше конкурентен на Ред Бул и Ферари. Хамилтон и неговиот клупски колега Џорџ Расел мораа да се задоволат со петтото и шестото место.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Британецот беше лут на својот тим затоа што неговиот тркачки ижиње Питер Бонингтон не сакаше да донесе важна стратешка одлука и изборот му го препушти на Хамилтон кој беше сконцентриран на случувањата на патеката.
До недоразбирање дојде кога „сигурносното возило“ излезе на патеката и тоа Џорџ Расел го искористи да ги замени гумите, додека Хамилтон остана на патеката. Новите гуми Расел ги искористи да го престигне клупскиот колега.
„Од екипата ми кажаа да донесам одлука да ги заменам гумите, но јас немам доволно информации за да донесам таква одлука. Тоа е нивна работа. Мора да ја донесат таа одлука место мене, затоа што јас немам доволно информации. Кога ќе ми дадат таков избор тоа е како коцкање, а тоа не ми се допаѓа“, незадоволен беше Хамилтон.