Дома Македонски спорт Мак ракомет Проблемите со коленото се минато: Стоилов ќе биде во форма за новата сезона

Проблемите со коленото се минато: Стоилов ќе биде во форма за новата сезона

Македонскиот репрезентативец Столе Стоилов е на рехабилитација по операцијата на левото колено, а првите впечатоци по зафатот се позитивни.

Ракометарот на Вардар нема повеќе болки, па ќе може да прави основни вежби во почетниот период, а за кратко би требало да се врати и на теренот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Проблемите со коленото се веќе минато за Столе Стоилов. Неколку дена по операцијата капитенот на РК Вардар на денешниот контролен преглед ни откри дека се чувствува одлично и дека е среќен што повеќе ја нема болката која му ги отежнувала секојдневните активности. Докторите, пак, велат дека интервенцијата поминала во најдобар ред, а веќе од утре Столе може да почне со вежби и физикална терaпија, коишто ќе потпомогнат за побрза рехабилитација“, објавија од „Аџибадем Систина“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…