Дома Фудбал Италија Пристигна првата голема награда за младата ѕвезда на „Росонерите“

Пристигна првата голема награда за младата ѕвезда на „Росонерите“

Младиот напаѓач на Милан, Партик Куртоне блесна на стартот од новата сезона во дресот на Милан и малку кој очекуваше дека пред толку скапи и големи засилувања, токму овој 19-годишен фудбалер ќе го насочни вниманието кон себе.

Еден од оние кои го приметија неговиот напредок е селекторот на младата репрезентација на Италија, Луиџи Ди Биаџио, кој новата ѕвезда на Милан ја повика во тимот и ја спореди со Белоти, за кој лудува половина Европа.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Куртоне го знам уште од деновите на неговото детство, додека играше за У15 селекцијата. Тој е фантастичен напаѓач кој секогаш вредно тренираше и беше гладен за голови. Навистина за секој меч се подготвува како да му е последен“, започна со комплименти Биаџио и продолжи:

„Морам да признаат дека неговиот стил ме потсетува на Андреа Белоти. Ќе биде голем придонес за нашата селекција“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Изненадување: Интер ја следи ситуацијата околу Онана

Раководството на Интер внимателно го следи развојот на ситуацијата со голманот на Манчесте…