Тенисерот број еден во светот Новак Ѓоковиќ денеска го оперираше коленото и за опоравување ќе му бидат потребни околу три недели.
Ѓоковиќ реши да го оперира менискусот на десното колено, кој го повреди во осминафиналето на Ролан Гарос против Аргентинецот Франциско Черундоло.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Доколку нема компликации, српскиот тенисер за неколку часа би можел да стане од кревет со помош на патерици.
Поради повредата, Ѓоковиќ беше принуден да се повлече од четвртфиналниот меч на Ролан Гарос против Норвежанецот Каспер Руд и ќе му требаат цели три недели закрепнување, што најверојатно ќе го спречи да игра на Вимблдон кој е на програмата од 1 до 14 јули.
Засега не е познато и дали ќе биде спремен за настап на Олимписките игри во Париз, би требало да нема проблем, но тоа ќе зависи од текот на опоравувањето.