Вејн Руни овој викенд стана најдобар стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед, а веднаш потоа доби понуда која сигурно може да го натера да си замине од „Олд Трафорд“.
Кинескиот шампион Гуангжу Евергранде и нивниот ривал Пекинг Гуан се подготвени на Руни да му дадат неделна плата од 700.000 фунти.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Англиските медиуми тврдат дека Руни е во дилемадали да ја прифати богатата понуда, а Жозе Мурињо нема да застане на неговиот пат доколку напаѓачот се реши на таков потег.
„Не знам дали ќе замине, зависи од него. Не сакам да ги критикувам фудбалерите кои одлучуваат да одат во Кина. Тоа е нивен живот, нивна кариера. Парите се огромни, а искуството може да биде интересно. Да бидам искрен, во случајот со Руни не знам ништо, бидејќи тој ништо не ми кажал за евентуално заминување во Кина“, истакна Мурињо.
Иако му останува уште една година од договорот, сепак Руни би можел да ја прифати понудата и да се пресели во Кина следното лето.