Дома Трансфер зона Пристигна како големо засилување, а сега заминува и го избира Вулверхемптон пред Арсенал!?

Пристигна како големо засилување, а сега заминува и го избира Вулверхемптон пред Арсенал!?

Лондонски Арсенал во летниот преоден рок ќе се обиде да доведе неколку нови фудбалери, а помеѓу листата со желби на „топчиите“ се наоѓа и напаѓачот на Милан.

Португалецот, Андре Силва минатото лето како големо засилување пристигна на „Сан Сиро“ од редовите на Порто за сума од 40 милиони евра.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Иако пристигна пред само неколку месеци, поради тоа што не ги исполни очекувањата се шпекулира дека би можел да го напушти Милан. Понуда за овој напаѓач Милан доби и во текот на зимскиот преоден рок и тоа еднаква на сумата со онаа што го купи – 40 милиони евра.

Испратена беше од англиски Вулвехемптон кој е лидер во Чемпиошип и богатите сопственици имаат големи амбиции за наредната сезона во која скоро сигурно ќе играат во Премиер лигата.

Еден од главните адути од овој клуб пред Арсенал кој исто така во последно време покажа интерес е тренерот Нуно Еспирито Санто човекот кој веќе соработуваше со Силва.

Токму поради се очекува Силва и покрај разликата во квалитет да го избере Вулверхемптон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…