Дома Фудбал Италија Претседателот на ФС Италија: Потегот на Јувентус е пример за сите

Претседателот на ФС Италија: Потегот на Јувентус е пример за сите

Претседателот на фудбалскиот сојуз на Италија, Габриеле Гаврина го пофали потегот на управата и играчите на Јувентус и порача дека сите треба да го следат тој пример.

Имено за Јувентус да може да функционира нормално во време на пандемијата сите играчи на клубот се откажаа од својата плата до јуни. Гаврина го пофали ваквиот потег.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Видете што направи Јувентус. Тоа е пример кој теба да го следат сите. Им се заблагодарувам на Киелини, останатите играчи и Маурицио Сари кои своите интереси ги ставија на второ место. Во вакво време солидарноста е најважното нешто и само така може да се надмине кризата. Ако фудбалот не продолжи наскоро последиците би можеле да бидат навистина големи“, изјави првиот човек на италијанскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Иван Јуриќ добива отказ, познато е кој ќе ја води Аталанта во продолжението на сезоната!

Аталанта загуби 3:0 од Сасуоло на свој терен попладнево и тоа беше капката што ја прелеа ч…