Дома Трансфер зона Претседателот на Лион потврди дека го посакува Годин

Претседателот на Лион потврди дека го посакува Годин

Дефанзивецот на Интер, Диего Годин кариерата би можел да ја продолжи во Франција.

Уругваецот пристигна во Интер како големо засилување, но тој епитет не го оправда и најверојатно ќе ја напушти Меаца.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Со Годин се поврзуваат неколку клубови, од Тотенхем до Евертон, но 34-годишниот дефанзивец на крајот може да заврши во Франција, поточно во Лион.

Дека не се во прашање само шпекулации потврди и претседателот на овој клуб Жан Мишел Ола.

„Годин е на листата желби, но не е единствен.“ – порача Ола.

Доколку сака кариерата да ја продолжи во Лион, Годин ќе мора да ги намали финансиските побарувања бидејќи францускиот клуб тешко дека ќе се согласи за плата од пет милиони евра, која ја заработува во Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал МОРА да ја продаде ѕвезда од тимот!

Арсенал конечно изгледа како екипа која може да ја освои Премиер лигата и тоа го знаат сит…