Дома Фото Претседателот на Каталонија испрати порака со која потврди дека Меси заминува

Претседателот на Каталонија испрати порака со која потврди дека Меси заминува

Се поизвесно е дека после 20 години Лионел Меси ја напушта Барселона.

Меси сака да замине како слободен играч ова лето, а се поврзува со Интер, Манчестер Сити и ПСЖ, а во комбинација се уште и Манчестер Јуајтед и Јувентус.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во меѓувреме, Меси преку факс испратил барање за раскин на договорот, бидејќи имал клазула со која може еднострано да го раскине договорот кога ќе одлучи да замине, но во Барселона уверуваат дека договорот автоматски му е продолжен на 31. мај за уште една сезона со трансфер клазула од 700 милиони евра.

Во Барселона вечерва се одржува итен состанок на управата, а загрижените навивачите се собираат пред просториите на клубот. Околу целата ситуација се огласи и претседателот на Каталонија, Куим Тора.

„Каталонија секогаш ќе биде твој дом. Ти благодарам за целата среќа која ни ја донесе со својот фудбал. Имавме среќа да живееме во друштво со таков играч.“ – напиша на Твитер Тора.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фото

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…