Дома Фудбал Италија Претседателот на Бреша: Балотели од натпреварот со Верона повеќе не се смее

Претседателот на Бреша: Балотели од натпреварот со Верона повеќе не се смее

Претседателот на Бреша Масимо Селино порача дека Марио Балотели повеќе не се смее од инцидентот во текот на натпреварот со Верона.

Италијанските медиуми вчера пренесуваа дека тренерот Фабио Гросо го отстранил нервозниот Балотели од тренингот. Наводно дошло до конфликт помеѓу нив двајца бидејќи на Гросо не му се допаднал ставот на Балотели.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


За споменатата ситуација кратко за „Газета дело Спорт“ зборуваше и претседателот на Бреша, Масимо Селино.

„Не бев таму…Гросо не ме повика, претпоставувам дека немало голем проблем. Меѓутоа, Марио од натпреварот со Верона повеќе не е насмеан“, изјави Селино.

Ќе потсетиме, Марио Балотели се најде на мета на расистички навреди од страна на навивачите на Верона.

Инаку, Бреша во недела гостува на „Олимпико“ кај Рома и засега не е познато дали Балотели ќе конкурира за тој натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…