Дома Топ вести Претседателот на Атлетико го понижи Јунајтед: Гризман нема да премине во помал клуб!

Претседателот на Атлетико го понижи Јунајтед: Гризман нема да премине во помал клуб!

Најдобриот стрелец и ѕвезда на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман нема да крајот на сезоната да го напушти „Винсенте Калдерон“ за да премине во Манчестер Јунајтед, тврди претседателот Енрике Серезо.

Меидумите веќе подолго време едногласно тврдат дека Гризман се договорил со „црвените ѓаволи“ и дека Јунајтед следното лето ќе ја активира откупната клаузула која изнесува 100 милиони евра.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Манчестер Јунајтед? Тоа е мал клуб… Верувам во луѓето кои неодамна потпишаа нови договори, како што се Симеоне и Гризман. Антоан е голем фудалер, игра за голем клуб и го сака Атлетико“, изјави Серезо.

Гризман минатото лето потпиша договор со „јорганџиите“ до 2021 година, но Атлетико нема да се прашува ништо за трансферот доколку Јунајтед реши да ја активира откупната клаузула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Проблеми за Милевски: Македонија ослабена против Летонија и Ерменија

Фудбалерот на сплитски Хајдук, Александар Трајковски не е подготвен за максимален напор и …