Дома Фудбал Останато Нејмар денес би им носел вода на Пеле и Кројф-пресметано

Нејмар денес би им носел вода на Пеле и Кројф-пресметано

Направена е формула која дава резултати за пазарната вредност на легендарните фудбалери како Пеле, Кројф и Пушкш во споредба со најскапите фудбалери на денешницата од рангот на Нејмар.

Фудбалските трансфери во последните неколку години забележуваат огромен раст, а најголемиот трансфер до ова лето кој беше оној на Пол Погба кој за 105 милиони евра направи трансфер од Јувентус во Манчестер, беше надминат со сума од 222 милиони евра која ја плати ПСЖ за Нејмар.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Овие трансфер влијае на тоа фудбалскиот пазар целосно да се промени, па видовме дека и трансферот на Осман Дембеле ова лето го надмина оној на Погба. Дембеле се пресели во Барселона за сума од 130 милиони евра.

Цените на фудбалерите неверојатно се зголемија, а многумина денес се прашуваат колку сега би вределе фудбалерите како Пеле, Марадона, Јохан Кројфт, Џорџ Бест…

Сега пронајдена е одредена форма според која може да се пресмета вредност на легендарните фудбалери и да се спореди со некои од најдобрите на денешницата.

Тие го споредуваа нивниот голгетерскиот учинок во одреден период и до одредени години, па да видиме како би биле подредени.

Пеле – 394 милиони евра!

Прв на листата е легендарниот Пеле кој би вредел 394 милиони во споредба со Нејмар и неговиот учинок пред да го направи најголемиот трансфер во историјата.

Според многумина Пеле е најдобриот фудбалер на сите времиња. Освои три Светски првенства, до 25 години постигна 461 погодок за Сантос и според тој параметар доколку се родел 50 години подоцна тој денес ќе беше најскапиот фудбалер во историјата.

Френц Пушкаш – 290 милиони евра!

Пушкаш е најдобриот унгарски фудбалер на сите времиња и еден од најголемите во историја! Со репрезентацијата на Унгарија беше на чекор од освојување на Светското првенство во 1954 година, а денес тој би вредел неверојатни 290 милиони евра.

Јохан Кројфт – 271 милиони евра!

Човекот кој ги постави темелите на модерната Барселона и ја промени филозофијата на фудбалот. Неговите технички можности и стил на игра беа неверојатни. До својата 26 година тој постигна 250 погодоци и освои две „Златни топки“, па според тоа тој денес би вредел 271 милиони евра.

Џорџ Бест – 176 милиони евра!

Тој е икона на Манчестер Јунајтед! Имаше неверојатен талент, брзина, дриблинг и нема љубител на фудбалот кој не го обожаваше. Бест беше љубител на алкохол, жени, развратен живот надвор од теренот, па можеби и поради тоа не пружи баш се што можеше.

Сепак и со таквото однесување тој остави огромна трага во историјатан а фудбалот. Имаше импресивен рекорд од 190 погодоци и огромен број асистенции до 27 години, што во споредба со најкапиот фудбалер во овој момент за тие години Гифли Сигурдсон тојденес би вредел 176 милиони евра.

Мишел Платини – 174 милиони евра!

Легендарниот Французин до својата 27 години постигна 255 погодоци, исто така освои и три „Златни топки“. Остави огромна трага во фудбалот играјќи за италијанскиот гигант Јувентус.

Паоло Малдини – 125 милиони евра!

Денес во споредба со најскапиот дефанзивец на денешницата, Кајл Вокер од Манчестер Сити, Паоло Малдини би вредел повеќе од двојно повеќе. Тој до својата 27 години зад себе имаше 131 натпревар на кој неговиот тим не прими погодок, а со легендарниот Франко Барези создаваа гранитна одбрана и Милан прими само 23 погодоци на 196 натпревари.

Тиери Анри – 116 милиони евра!

Иконата на Арсенал и Премиер лигата беше страв и трепет за голманите кога ќе тргнеше во познатиот соло продор. До 26 година тој веќе имаше титули во француското првенство, Премиер лигата и Светското првенство, а постигна 185 погодоци за клубот и репрезентацијата.

Диего Армандо Марадона – 105 милиони евра!

Еден од најголемите на сите времиња, според многумина и најголем! Секако покрај Пеле, овој Аргентинец го сметаат за најдобар во историјата. До својата 24 година, Марадона постигна 210 погодоци.

Уредниците кои ја правеа оваа формула, Марадона го споредуваа со Ромелу Лукаку, па поради тој доби цена од 105 милиони евра, што во овој случај дефинитивно не е реално, бидејќи Марадона сигурно заслужува во најмала рака една од првите три позиции.

За крај погледнете кои се најскапите фудбалери на денешницата според трансферите кои ги направија.

1.Нејмар – 222 милиони евра

2. Килијан Мбапе – 180 милиони евр

3. Осман Дембеле – 130 милиони евра

4. Пол Погба – 105 милиони евра

5. Герет Бејл – 100 милиони евра

6. Кристиано Роналдо – 94 милиони евра

7. Гонзало Игуаин – 90 милиони евра

8. Ромелу Лукаку – 85 милиони евра

9. Луис Суарез – 82.3 милиони евра

10. Хамес Родригез – 78 милиони евра

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познато кога Ѓоковиќ ќе го игра четвртфиналето на Вимблдон

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ продолжи да постигнува добри резултати на Вимблдон, па во п…