Дома Фудбал Англија Пресврт: Јунајтед најде начин како да го задржи Ибра!

Пресврт: Јунајтед најде начин како да го задржи Ибра!

Златан Ибрахимовиќ не ја заврши дефинитивно авантурата во Манчестер Јунајтед и покрај фактот што клубот не му понуди нов договор и го стави на листата на слободни агенти.

Сепак, денес „Манчестер Ивнинг Њуз“ пренесува дека 35-годишниот голгетер ќе ја продолжи рехабилитацијата во клупската база на „црвените ѓаволи“.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Во моментов предвидувањата се дека Ибра ќе биде надвор од терените до Нова година, но доколку успее да се опорави порано, од „Олд Трафорд“ не ја исклучуваат можноста да му понудат краткорочен договор до крајот на сезоната.

Другата варијанта за која многу се зборува во медиумите во последно време е Швеѓанецот кариерата да ја продолжи во САД, во тимот на Лос Анџелес Галакси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нови проблеми за Барселона: Се повреди и Феран Торес, познато колку ќе паузира

Eкипата на Барселона се соочува со сериозни проблеми кога во прашање се повредите. Нов лис…