Младиот плејмејкер на Реал Мадрид, Дани Себаљос е многу блиску до трансфер во Арсенал, пренесуваат шпанските медиуми.
Себаљос одигра фантастично на Европското првенство за млади и изјави дека е спремен да се пресели во клуб каде што ќе има поголема минутажа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најсериозни канидати за неговиот потпис важеа Тотенхем и Милан, но весникот „АС“ тврди дека фудбалерот го избрал Арсенал.
Од Реал Мадрид претпочитаат да не го продаваат својот фудбалер, туку да ги испратат на позајмица, па најверојатно формулата на трансферот ќе биде едногодишна позајмица без право на откуп.
Себаљос не влегува во плановите на Зидан за оваа сезона, па поради тоа реши да ја промени средината во потрага по поголема минутажа.
На „Емирати“ сметаат дека 22-годишниот играч за врска ќе биде идеална замена за Арон Рамзи.