Калиду Кулибали ќе биде една од најжешките трансфер теми ова лето.
Дефанзивецот на Наполи е на мета на Реал Мадрид, Манчестер Сити и Ливерпул,но италијанските медиуми тврдат дека може да остане во Серија А.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, медиумите блиски до „старата дама“ пренесуваат дека Кристиано Роналдо побарал од раководството на Јувентус да се обиде да го донесе Кулибали.
Португалецот е загрижен поради честите повреди на Киелини и неискуството на Де Лихт, па смета дека со Кулибали тимот полесно може да дојде до триумф во Лигата на шампиони.
Раководството на Јувентус се согласува и е спремно да понуди 80 милиони евра за потписот на Кулибали плус дополнителни бонуси.
Наполи преферира да го продаде дефанзивецот надвор од Серија А, но ниту еден друг клуб не е спремен да ја плати таа сума.