Дома Топ вести Пресврт: Дибала сепак го напушта Јувентус

Пресврт: Дибала сепак го напушта Јувентус

Иднината на Пауло Дибала во Јувентус е неизвесна бидејќи неговиот договор истекува на крајот на сезоната.

Иако се чинеше дека двете страни се блсику до договор за продолжување на соработката, сепак медиумите тврдат дека дошло до пресврт на ситуацијата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Аргентинецот беше подготвен да го продолжи договорот, но Јувентус ги промени условите, се зборуваше за 10 милиони по сезона, но „бјанконерите“ ја намалиле понудата.

Според медиумите во Италија, тоа го изнервирало Аргентинецот, кој сега размислува да започне преговори со други клубови. Тоа би било голем удар за Јувентус, кој ќе ја загуби најголемата ѕвезда без обештетување.

Дибала сега е слободен да преговара со заинтересираните клубови, а неколку клубови од Шпанија и Премиер лигата покажуваат силен интерес за него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…