Дома Фудбал Англија Премиер лигата призна: ВАР вчера беше целосна – утка! (ВИДЕО)

Премиер лигата призна: ВАР вчера беше целосна – утка! (ВИДЕО)

ВАР системот донесе многу контроверзии и не оди според планот се повеќе гледаме дека и покрај оваа технологија се прават големи грешки.

Вчерашните ситуации во Премиер лигата беа нов доказ.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


На трите натпревари во Премиер лигата вчера видовме три огромни грешки, тоа го призна и Премиер лигата.

Прво, на натпреварот Бурнемоут Тотенхем имаше момент кога Кинг го турна Кејн, а судијата не покажа пенал. На овој натпревар задолжен за ВАР беше Мајкл Оливер.

Потоа ситуацијата која денес најмногу се коментира. Бруно Фернандеш го нагази играчот на Астон Вила, а судијата покажа пенал за Манчестер Јунајтед.

Третата ситуација ја видовме на натпреварот Евертон – Саутемптон. Саутемптон доби пенал после наводниот прекршок над Џејмс Ворд Праус од Андре Гомеш.

Од Премиер лигата како што споменавме признаа дека ВАР и судиите натпреварите погрешиле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…