Дома Фудбал Англија Премиер лигата и Серија А најголеми трошажии на трансфер пазарот!

Премиер лигата и Серија А најголеми трошажии на трансфер пазарот!

Италијанските клубови во последните години повторно ги отворија паричниците и почнаа да трошат големи суми на трансфери, но клубовите од Премиер лигата се се уште недостижни.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Неколку недели пред затварањето на летниот трансфер прозорец тимовите од Серија А потрошиле повеќе од 830 милиони евра за купување на нови фудбалери. Многу повеќе од шпансата Примера (580 милиони), Бундес лигата (380 м) и Лига 1 (320 м).

Единствено Премиер лигата повторно може да се пофали со најскапи трансфери, До сега клубовите од Англија инвестираше скоро милијарда евра за нови трансфери.

Италијанскиот шампион Јувентус го донесе Кристиано Роналдо за 100 милиони евра, Рома купи 11 нови фудбалери, а значителна сума потроши и Интер кој до сега донесе 5 нови засиливања.

Притоа, најавите се дека до затворањето на трансфер пазарот во Серија А ќе се случат уште неколку бомбастични трансфери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…