Според француските медиуми, се поизвесна е разделбата на Нејмар и ПСЖ на крајот на сезоната.
Нејмар има договор со ПСЖ до 2025 година, но разочара и оваа сезона, а на мечот со Бордо беше исвиркан и навредуван од навивачите на „светците“.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Раководството на ПСЖ исто така не е задоволно од партиите кои ги пружа Бразилецот, па е спремно да го продаде на лето.
Манчестер сити, Барселона и Њукасл покажуваат интерес за Нејмар, а медиумите тврдат дека токму Њукасл е најсериозен кандидат за неговиот потпис.
Њукасл има саудиски сопственици и е најбогат клуб во светот, па нема да жали пари и е спремен да понуди 240 милиони евра за Бразилецот.
Јасно е дека нема многу клубови кои можат да си го дозволат Нејмар, но останува да видиме дали Бразилецот ќе се согласи да игра за Њукасл.
Newcastle 'eyeing up £200MILLION move for PSG star Neymar and will battle Manchester City and Barcelona for his signature' https://t.co/riQQz8WAo5
— MailOnline Sport (@MailSport) March 19, 2022