Дома Фудбал Англија Премиерлигашите оваа сезона најмногу менувале тренери

Премиерлигашите оваа сезона најмногу менувале тренери

За викендов Брендан Роџерс и Грем Потер добија откази од Лестер и Челзи. а тоа се 12. и 13. менаџер што добија отказ во Премиер лигата оваа сезона.

Со оваа бројка Премиер лигата е е на врвот по тренерски смени од почетокот на сезоната. Само Челзи и Саутемптон од почетокот на сезоната два пати ги менуваа предводниците на клупата.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Прв отказ доби Скот Паркер, на кого Борнмут му врачи отказ на 30 август минатата година. Потоа следуваше отказот за Томас Тухел во Челзи, а Грем Потер го напушти Брајтон за да го наследи на клупата на ,,сините”. Тренери исто така менувааАстон Вила, Евертон, Вулверхемптон, Лидс, Кристал Палас и Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Првиот човек на ФФМ стана член на една од најважните комисии во УЕФА!

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, доби ново високо при…