Дома Фудбал Англија Премиерлигата е безобразно богата: Челзи добива 170, а последниот Сандерленд дури 107 милиони!

Премиерлигата е безобразно богата: Челзи добива 170, а последниот Сандерленд дури 107 милиони!

Бројките кои ќе ви ги претставиме подолу одлично ја отсликуваат финансиската моќ на клубовите од Премиер лигата и зошто таа важи за најбогата фудбалска лига на светот.

Имено, Челзи како актуелан шампион ќе заработи 170 милиони евра од Премиер лигата и тоа само на основа на колачот кој го дели ова натпреварување. Тука спаѓаат дел од ТВ правата, заеднички маркетиншки приходи и се останато што ја издигнува Премиер лигата над останатите која се парите во прашање.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Премиер лигата го дели колачот по строго определена шема, па така шампионот Челзи доби точно 150.811.183 фунти, следи Манчестер Сити со 146.927.965, па Ливерпул со 146.122.439 и Тотенхем со 145.461.325. „Спарси“ се на четвртото место бидејќи на британските ТВ екрани повеќе биле гледани натпреварите на Сити и Ливерпул.

Манчестер Јунајтед доби 140.000.000, Арсенал 139.600.000 и така се до последниот Сандерленд, кој и покрај последното место на табелата заработи 93.471.118 фунти или околу 107 милиони евра.

Вкупно 20 клубови помеѓу себе поделиле 2.400.000.000 фунти (околу 2,8 милијарди евра).
Интересно, дури и Њукасл, Норвич и Астон Вила кои минатата сезона отпаднаа од елитата добиле 41.000.000 фунти што е последица на желбата на Лигата клубовите да останат финансиски стабилни и кога ќе испаднат во понизок ранг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…