Дома Трансфер зона Пред 6 месеци играше во европскиот шампион, денес едвај си најде клуб!

Пред 6 месеци играше во европскиот шампион, денес едвај си најде клуб!

Пред само шест месеци дресот на Реал Мадрид го замени со тој на ПСЖ во трансфер вреден 25 милиони евра, но работите на тргнаа по добро за Хесе Родригез.

23-годишниот крилен напаѓач после само 6 месеци го напушти Париз и се пресели во редовите на Лас Палмас, што сигурно е огромен пад во неговата кариера.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Хесе иако пристигна како големо засилување за ПСЖ не се снајде баш најдобро на „Паркот на принцовите“, имаше многу мала минутажа па одлучи да си замине.

Хесе сега ќе се врати во Примера, но во редовите на Лас Палмас каде ќе настапува како позајмен фудбалер од крајот на сезоната.

Добра вест за ПСЖ е што малиот шпански клуб ќе ја превземе скоро цела плата на фудбалерот, која изнесува 3,5 милиони евра годишно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…