Милан синоќа го победи Атлетико на „Ванда Метрополитано“, а херој на „росонерите“ беше Жуниор Месијас.




Денес Бразилецот е главна тема во цела Европа, поради неговата неверојатна, но инспиративна приказна.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Имено, Месиас до пред три години беше дел од италијанската четврта лига. Тој разнесуваше бела техника како примарна работа и се натпреваруваше во аматерска фудбалска лига.




Играше во аматерски клубови, а на 28 години стигна до Кротоне во Серија Б. Минатата сезона со Кротоне одигра одлична сезона во Серија А со 10 гола и 10 асистенции, па заработи трансфер во Милан.




Синоќа дебитираше во најелитното европско натпреварување и со неговиот гол Милан го победи Атлетико Мадрид.