Дома Фудбал Англија Пред точно 10 години се одиграа најлудите 50 секунди во историјата на фудбалот 🎥

Пред точно 10 години се одиграа најлудите 50 секунди во историјата на фудбалот 🎥

На денешен ден пред 10 години Вотфорд и Лестер одиграа неверојатен натпревар во полуфиналето од плеј-офот за влез во Премиер лигата. Натпреварот беше завршен со веројатно најлудите 50 секунди во историјата на фудбалот.

Лестер во плеј-офот се пласираше поради гол-разликата во последното коло, а Вотфорд беше пред директен пласман во Премиер лигата, меѓутоа во последното коло изгуби од Лидс и мораше да оди во доигрувањето.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Првиот натпревар Лестер го доби со 1:0 на својот стадион, а Вотфорд во реваншот водеше со 2:1 и изгледаше дека натпреварот оди во продолженија бидејќи во Чемпионшип и тогаш не важеше правилото за гол во гости. Судијата Мајкл Оливер даде четири дополнителни минути за игра, но се играше до 97-та минута.

Оливер наседна на глумата Ентони Нокерт и досуди пенал за Лестер. Во тој момент на семафорот сотеше 96:02. Нокерт кој асистираше за двата гола на Лестер во ова доигрување ја зема топката и одлучи сам да го изведе пеналот. Тоа беше „меч топка“ за Лестер, но Алмунија го одбрани неговиот пенал, одлично реагираше шпанскиот голман и по одбиената топка.

Тогаш се очекуваше крај и продолженија, меѓутоа тогаш Вотфорд повлече брза контра која заврши со гол на Трој Дини за големо славје.  На семафорот тогаш беше 96:52, точно 50 секунди откако Лестер доби пенал за пласман во финалето прими гол со кој доживеа елиминација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…