Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Пред муслиманските фудбалери на прес-конференциите на ЕП повеќе нема да стојат шишенца „Хајнекен“

Пред муслиманските фудбалери на прес-конференциите на ЕП повеќе нема да стојат шишенца „Хајнекен“

На Европското првенство има повеќе фудбалери од исламска вероисповест, а најмногу доаѓаат од репрезентацијата на Франција, откако Турција испадна во групната фаза.

Во првата фаза од Европското првенство ситуацијата со поместувањето шишенца е нешто за кое најмногу се зборуваше и како се да остана во сенка на тоа. УЕФА реагираше и побара од сите играчи да престанат да ги поместуваат стратешки поставените спонзорски пијалоци.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Меѓутоа исклучок се муслиманските фудбалери, имено на сите 11 стадиони наредено им е да нема шишенца алкохол пред муслиманските фудбалери кога зборуваат на прес-конференциите. Таа одлука е донесена откако Погба ги помести шишенцата „Хајнекен“.

Дека тоа е така потврдува и прес-конференцијата на Бензема после вчерашниот натпревар каде што стоеа само шишенцата „Кока-Кола“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …