Лаутаро Мартинез ова лето остана во Интер, па италијанскиот клуб веќе работи на нов договор за напаѓачот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Барселона веќе подолго време се во преговори со неговиот агент, но Интер е спремен да му понуди нов договор на Аргентинецот.
Италијанските медиуми тврдат дека Интер влегува во преговори за нов договор на Лаутаро, со нови, подобри услови и со траење од 2025 година.
„Нероаѕурите“ се спремни да му понудат двојно повисока плата и да ја ревидираат откупната клаузула која во моментов изнесува 111 милиони евра.
Се очекува агентите на 23-годишниот напаѓач наскоро да пристигнат во Милано на финални преговори.