Дома Топ вести Преговорите започнати: Милан и Фиорентина спремаат голема трампа

Преговорите започнати: Милан и Фиорентина спремаат голема трампа

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Фиорентина започнале преговори за голема трампа која треба да се сличи ова лето.

Пандемијата со коронавирус предизвика големи финансиски загуби кај клубовите, па ова лето ќе гледаме многу трампи на трансфер пазарот.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Имено, Фиорентина е сериозно заинтересирана за Лукас Пакета, кој во Милан пристигна минатата година како големо засилување, но во последно време го загуби местото во првиот тим.

Моменталната цена на Бразилецот изнесува 30 милиони евра, а Милан на Фиорентина и нуди трампа и сака да го добие потописот на првата ѕвезда на „виолетовите“, Федерико Киеза.

Интерес за Киеза покажуваат многу европски клубови, но Фиорентина за неговата слобода бара 70 милиони евра, сума која тешко дека ќе биде платена ова лето.

„Росонерите“ се спремни да го понудат Пакета плус 30 милиони евра за потписот на Киеза, а преговорите се во напредна фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…