Италијанските медиуми пренесуваат дека преговорите помеѓу Милан и Џенова за трансфер на голгетерот Криштоф Пијатек се во наредна фаза.
Милан е во потрага по заменик на Игуаин кој е блиску до трансфер во Челзи, па го одреди Пијатек како трансфер цел број еден.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Спортмедиасет“ пренесува дека Пијатек веќе има комплетен договор со „росонерите“, а и Џенова кажала ДА на трансфер тежок 40 милиони евра.
Спортскиот директор Леонардо е во Милано и не отпатува со тимот во Џеда со цел да го финализира трансферот на полската „гол машина“.
Останува уште да се дефинира формулата на трансферот. Пијатек треба да пристигне на „Сан Сиро“ на позајмица со задолжителен откуп, а цената на целиот трансфер ќе изнесува 40 милиони евра.
Откако ќе биде дефиниран трансферот на Пијатек, Милан ќе даде зелено светло за преселбата на Игуаин во Челзи.
#Leonardo vicinissimo al colpo #Piatek: #Preziosi verso il sì al #Milan… se il #Real non rilancia.
Ore caldissime nella trattativa col Genoa per l'attaccante polacco: i rossoblù dicono sì al prestito con obbligo. https://t.co/Vz8uxhmbfZ— SportMediaset.it (@Sport_Mediaset) January 15, 2019