Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Прво скандал беше тоа што Лев го повика, а сега насмеан се сликаше по поразот на Германија (фото)

Прво скандал беше тоа што Лев го повика, а сега насмеан се сликаше по поразот на Германија (фото)

brend

Голема прашина, може да се каже скандал, предизвика тоа што Лев воопшто го смести помеѓу патниците на Мундијалот место Лерој Сане, а сега после само еден одигра на натпревар повторно се пишува за него и не по добро.

Јулијан Бренд, одличниот офанзивец на Баер Леверкузен дојде на СП како една од мадите ѕвезди на светскиот шампион кој во Русија ќе ја брани титулата. Но првиот натпревар во кој Бренд ги одигра последните пет минути заврши со пораз на Германија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сцената која разулти голем дел од германската јавност се случи по натпреварот кога играчите се упатуваа кон тунелот.

После натпреварот кој Германија го загуби со 0:1 Мексик, младата ѕвезда си направи насмеано селфи со фановите, а неговиот таков потег предизвика многу контроверзии.

Бренд стигна и да се одбрани.

„Тргнав кон тунелот, тогаш детето од трибината ме повика. Во тој момент не размислував, само сакав да му исполнам желбата. Го земав неговиот телефон и направивме селфи“

Во Германија мислењата се поделени, едни сметаат дека таквото однесување е непристојно, други пак го оправдуваат со зборовите дека исполнил желба на еден млад фан кој тој момент ќе го памети вечно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Дали Меси ќе игра на Мундијалот 2026 година?

Лео Меси се чини дека има намера да игра за својата Аргентина и на СП 2026 кое ќе се одржи…