Во Интер се изгледаше идилично од доаѓањето на Антонио Конте во Интер, но после неколку месеци започнаа да се јавуваат првите проблеми.
Од Шпанија пристигнува вест дека Диего Години не е задоволен со својот статус во Интер и сака да се врати во Атлетико Мадрид каде што ги помина најдобрите денови од кариерата. Годин во Интер од Атлетико пристигна во текот на летото како слободен играч.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Годин соработката со Интер ја договори уште минатата зима. Уругваецот во Милано пристигна како големо засилување и од него се очекуваше да биде командант на одбраната. Од почетокот на сезоната Годин од 22 натпревари на Интер во Серија А и Лигата на шампионите играше на 16.
Во некои натпревари беше очигледно дека тешко му оди прилагодувањето на системот кој го форсира Конте со три стопери.
Дали поради тоа или поради тешката адаптација на италијанскиот фудбалер се шпекулира дека Годин би можел да се врати во Атлетико каде што се верува дека со заодоволство би го пречекале. Сепак, тешко е да се верува дека Интер на сред сезона ќе се откаже од услугите на еден искусен играч додека е во трка со Јувентус за Скудетото.