Пелистер вчера запиша пораз во ПМФЛ од Силекс, а по овој пораз клубот го раскина договорот со Зоран Штерјовски.
Битолскиот тим гледаа спас во Штерјовски, меѓутоа резултатите не му одеа во прилог на 45 годишниот стратег.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пелистер му се заблагодари на Штерјовски за професионалната работа и му посака успех во понатамошната кариера. Како привремено решени за тренер на првиот тим на битолчани е назначен првиот асистент Димитар Калинковски.
На победа во ПМФЛ Пелистер чека од септември кога ја победи Беласица, во овој момент клубот се наоѓа на деветтата позиција со две победи, шест нерешени натпревар и пет порази.
Фото: ФК Пелистер