Дома Фудбал Репрезентации Почнува продажбата на билети за ЕП 2024: Цените од 30 до 1.000 евра

Почнува продажбата на билети за ЕП 2024: Цените од 30 до 1.000 евра

Утре започнува првата фаза на продажба на билетите за Европското првенство во фудбал 2024 година на кое домаќин ќе биде Германија.

Првата фаза ќе трае до 26. октомври и ќе бидат достапни 1.2 милиони влезници. Цените се движат од 30 евра за групната фаза, до 1.000 евра за најскапите во финалето.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во оваа прва фаза најмногу билети ќе бидат достапни за германските навивачи бидејќи само за таа фаза е јасно каде и кога ќе игра домашната селекција. Точните термини за останатите натпревари ќе бидат познати по 2. декември кога ќе се одржи ждребот за ЕП во Хамбург.

Секој навивач може да добие четири влезници до 26. октомври, а датумот на пријавување не е важен бидејќи со ждреб ќе биде одредено кои ќе имаат право да купат во случај на зголемен интересен.

Единствената препрека е геоградска – одредени навивачи можат да купат најмногу една влезница за еден термин, бидејќи според организаторот одалеченоста помеѓу стадионите е преголема за да може да присуствува на два натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Изненадување: Интер ја следи ситуацијата околу Онана

Раководството на Интер внимателно го следи развојот на ситуацијата со голманот на Манчесте…