Дома Останати Кошарка НБА Потпиша за вицешампионот, па веднаш доби отказ: Нема да верувате колку заработи за само 80 минути!

Потпиша за вицешампионот, па веднаш доби отказ: Нема да верувате колку заработи за само 80 минути!

Голден Стејт е една од најдобрите кошаркатски екипи на светот, а со примерот на Хозе Калдерон покажаа дека знаат да го одржат ветеното.

Имено, шпанскиот копаркар го раскина договорот со Лејкерси за да потпише за Голден Стејт, кој веќе му го припреми дресот со број 8. Меѓутоа, откако стана слободен играч дојде до голем пресврт – се повреди еден од најдобрите кошаркари на ГС, Кевин Дурант па тимот мораше да пронајде замена за него.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Со оглед на фактот дека имаат само едно место на ростерот и дека Калдерон и Дурант не играат на иста позиција, едноставно не можеа да го донесат Шпанецот.

„Му се јавив и му ја објаснив ситуацијата. Беше тешко…Му се извинив, но клубот одлучи да се искупи за ваквата ситуацаија“, изјави тренерот на ГС, Стив Кер.

Имено, Вориорс потпишаа со Калдерон на само 80 минути, а потоа за раскина на договорот му исплатија 415.000 долари, бидејќу поради нив го раскина договорот со Лејкерси.

„Калдерон тоа одлично го прими. Станува збор за голем професионален и голем играч. Знам дека го доведивме до незгодна ситуација“, додаде Стив Кер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…