Екипата на Рома доби големо засилување во офанзивнито дел од тимот.
Нов член на „Волчицата“ стана 24-годишниот бразилски фудбалер, Андерсон Талиска кој денеска потврди дека ќе се префрли во редовите на римскиот тим.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Кариреата ја продолжувам во Рома. Ги договорив сите услови со Рома. Во Бешикташ поминав две прекрасни години, но дојде време за разделба“, изјави Талиска.
Овој одличен фудбалер претходните две сезони ги помина на позајмица од Бенфика во редовите на турскиот гигант, каде што играше одлично и без соменние беше еден од најдобрите фудбалери во Турција.
Постигна вкупно 37 гола во 78 натпревари за Бешикташ, специјалист е за слободни удари, а предност му е тоа што може да игра на повеќе позиции, но најкористен е на местото офанзивен играч за врска.