Дома Топ вести Потврден трансферот на Никола Миленковиќ во Премиер лигата

Потврден трансферот на Никола Миленковиќ во Премиер лигата

Одличниот српски дефанзивец, Никола Миленковиќ ја напушти Серија А и кариерата ја продолжува во англиската Премиер лига каде што ќе го носи дресот на Нотингем Форест.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Миленковиќ цели седум години беше дел од Фиорентина и во тој период стана еден од најценетите дефанзивци во Италија.

За Фиорентина настапи на 263 натпревари и во нив успеа да постигне 17 погодоци. Како најголем клупски успех може да се истакнат двете финалиња во низа во Конференциската лига.

Договорот кој го потпиша со Нотингем е со важност на пет години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…