Дома Останати Потврдено: Ѓоковиќ не доби дозвола за влез во САД

Потврдено: Ѓоковиќ не доби дозвола за влез во САД

На најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ дефинитивно му е забранет влез во САД бидејќи не е вакциниран, па ќе ги пропушти мастерсите во Индијан Велс и Мајами.

Ѓоковиќ поднел документација и побарал посебна дозвола за влез во САД бидејќи не бил вакциниран против корона вирусот, но сенаторот Рик Скот од Флорида денеска на својот Твитер профил објави дека барањето на Ѓоковиќ е одбиено.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Ни беше кажано дека барањето на Ѓоковиќ е одбиено и тој нема да може да учествува во Мајами следната недела. Претседателот Џо Бајден мора веднаш да го поправи и да му дозволи да игра во нашата земја“, напиша Скот.

Скот апелираше до американскиот претседател Џо Бајден лично да ја промени таа одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Тони Надал залага за револуција во тенисот: Откри што според него би ја подобрило играта

Тони Надал, чичко и тренер на пензионираната легенда Рафаел Надал, и понатаму е поддржувач…