Дома Фудбал Останато Потврдено: ФИФА го истражувала трансферот од 100 милиони евра!

Потврдено: ФИФА го истражувала трансферот од 100 милиони евра!

agneli

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, призна дека ФИФА го истражува трансферот на Пол Погба во Манчестер Јунајтед.

Францускиот репрезентативец летото 2016 година после одлични настапи во дресот на „старата дама“ се врати во Манчестер Јунајтед кој за неговите услуги плати 105 милиони евра евра што беше рекорден трансфер се до ова лето кога Нејмар премина во ПСЖ за 222 милиони евра.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Андреа Ањели потврди дека ФИФА започнала истрага за овој трансфер после информацијата дека агентот на Погба, Мино Раиола од целата зделка заработил дури 49 милиони евра.

Прво беше објавено дека Раиола ја добил таа сума од Јувентус, па ФИФА одлучи да истражува. Доколку тоа беше докажано како точно Јувентус ќе беше жестоко казнет. Но се покажа дека тоа не е вистина и дека Раиола од Јувентус добил 27 милиони евра, а остатокот го добил од Погба и Јунајтед.

„Вистина е дека ФИФА го истражуваше трансферот на Погба. Сите знаете што истражуваа и сега можам да кажам дека истрага поокажа дека Јувентус, нема никаква врска со парите кои ги добил Раиола“, порачаа од Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…