Дома Фудбал Потврдено: Пујол пред враќање во Барселона, познато и во која улога

Потврдено: Пујол пред враќање во Барселона, познато и во која улога

Карлес Пујол преговара за враќање во Барселона за да стане спортски менаџер и договорот би требало да биде постигнат многу наскоро.

На оваа функција Пујол би соработувал со Ерик Абидал и Рамон Планес.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Разговараме за негово враќање во клубот. Се надевам дека ќе ги прифати нашите услови тој има големо фудбалско познавање и знае се за Барселона. Веќе имаме двајца луѓе во тој сегмент, но сакаме и тука дополнително да се засилиме“, објасни првиот човек на Барселона, Бартомеу.

Пујол целата своја кариера ја помина во Барселона за која настапуваше од 1999 до 2014 година и во тој период настапи на 392 натпревари и постигна 12 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одлична вест за Милан пред клучниот натпревар во Неапол

Во понеделник од 20.45 часот на „Марадона“ ќе се игра големото дерби од 31. коло на Серија…