Веќе подлго време се во тек гласините за „Златната топка“ и истите сигурно ќе ги има се до 3-ти декември кога ќе биде доделена.
Медиумите во Франција неодамна шпекулираа околу тројцата последни кандидати и помеѓу нив го немаше Кристиано Роналдо, а сега ваквите најави се потврдени.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега „Л’Eкип“ објави видео со кое откри дека „Златната топка“ ќе заврши во рацете на еден од Лука Модриќ, Килијан Мбапе и Рафаел Варан.
Со ова надвор од конкуренција испаднаа Антоан Гризман и Кристиано Роналдо.
Споменатите тројца ќе водат голема борба. Модриќ триумфираше во Лигата на шампионите и играше во финалето на Мундијалот во Русија каде што беше прогласен за најдобар играч. Варан има титула во ЛШ и титула на Светското првенство, додека Мбапе може да се пофали со светска титула и трофеј со ПСЖ во Лига 1.
Едно е сигурно – победникот ќе ја прекине доминацијата на Меси и Роналдо која траеше 10 години.