Од Монако потврдија дека имаат нов играч за врска!
Завршува уште една летна трансфер сага. На почетокот се пишуваше дека оди во Јувентус, подоцна Челзи важеше како фаворит, дури и еден соиграч од репрезентацијата му посака среќа во редовите на „сините“, но Головин на крајот заврши во Монако!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ЦСКА Москва од неговиот трансфер ќе добие 30 милиони евра, додека Головин на „Луј втори“ го чека договор на пет години. Лекарските прегледи се закажани за во текот на утрешниот ден, кога и се очекува да биде претставен како нов фудбалер на Монако.
Трансферот на Головин го потврди претседателот на клубот Вадим Васиљев.
„Преговорите беа напорни и на него не му беше лесно да одлучи, на крајот мило ми е што не избра нас. Беше доволно да погледне колку млади играчи играле за Монако и направиле големи трансфери, тука се Мбапе, Барнардо Силва, Лемар…Имаше понуди од Јувентус Челзи, дури ми беше кажано и дека Италијанците ја завршиле работата, меѓутоа Головин пристигнува кај нас на прегледи“, потврди Вадим Васиљев.