Желбата на Лерој Сане да го напушти Манчестер Сити од поодамна е очигледна и изгледа дека ова лето конечно ќе му се исполни.
Имено, бројни европски медиуми тврдат дека работата е завршена и дека само прашање на време е кога трансферот на Сане ќе биде официјално потврден.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во минатото се споменуваа разни бројки, но сега се верува дека Баерн го договорил Сане за сума од околу 50 милиони евра. Со оглед дека зад 24 годишниот репрезентативец е тешка повреда, а и влегува во последната година од договорот ниската сума и не треба да изненадува.
Дека Сане е пред трансфер во Баерн потврди и Гвардиола.
„Постојат уште некои детали, но изгледа дека тој оди во Минхен. Му посакувам се најдобро. Му благодарам за нашите заеднички години. Тој сега ќе испише ново поглавје во одличен клуб“, изјави Гвардиола.
Инаку, Сане беше едно од првите засилување на Гвардиола по доаѓањето во Сити. Во летото 2016 Сити на Шалке му пати 50 милиони евра. Во дресот на Сити Сане собра 135 настапи, постигна 39 голови и подели 45 асистенции.