Утрово бразиските и италијанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и пренесоа дека Милан го договорил трансферот со големата бразилска ѕвезда Лукас Пакета од Фламенго.
Станува збор за фудбалер кој важи за еден од најголемите таленти во овој момент во бразилскиот фудбал, а Милан успеа да ја победи конкуренцијата од ПСЖ и Барселона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сега бразилските медиуми пренесуваат дека Фламенго потврдил дека е постигнат договор и дека Пакета ќе се пресели на „Сан Сиро“ за сума од 35 милиони евра.
Притоа, фудбалерот денес ги поминал лекарските прегледи во Рио де Женеиро, заедно со претставници на италијанскиот клуб.
21-годишниот бразилски репрезентативец ќе му се приклучи на „росонерите“ во јануари, кога ќе биде отворен зимскиот трансфер период.
⚠ #UltimOra #Milan
⚽ Acquistato il brasiliano Lucas #Paquetá
✅ Arriverà a gennaio dal #Flamengo#SkyCalciomercato pic.twitter.com/6uErosc7iO— Sky Sport (@SkySport) October 10, 2018
https://youtu.be/89N9iRn5EMg