Иако Арсен Венгер се обидуваше Чемберлејн да го продаде на тимот на Челзи, на крајот фудбалерот ќе го облече дресот на Ливерпул.
Во текот на вчерашниот ден „сините“ испратија понуда за англискиот репрезнтативец, Арсенал ја прифати, но самиот фудбалер имаше огромна желба за трансфер на „Енфилд“ и соработка со Јирген Клоп, па ја одби понудата од тимот на Антонио Конте.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Неговата желба денес и се оствари, Арсенал и Ливерпул се договорија, Чемберлејн се сели во Ливерпул за сума од 40 милиони евра.
Се очекува фудбалерот уште вечерва на пристигне во Ливерпул, иначе тој ќе биде вториот најскап фудбалер во историјата на Ливерпул, пред него е само Наби Кеита кој е договорен за идното лето.