За време на пандемијата фудбалските клубови забележаа големи финансиски загуби, па поради тоа на Барселона и е јасно дека враќањето на Нејмар е готово невозможно.
Поради тоа Каталонците ќе се насочат кон сопствените ресурси, а весникот „АС“ тврди дека 17-годишниот Ансу Фати и официјално ќе биде префрлен во фудбалер на првиот тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младиот талент во декември стави потпис на нов договор до 2022 година со откупна клаузула од 170 милиони евра.
Весникот тврди дека Барселона наскоро ќе го ревидира договорот и ќе постави нова откупна клаузула, која ќе изнесува неверојатни 400 милиони евра.
Ансу Фати се уште е дел од резервниот тим на Барса, но Валверде му даде шанса во првиот тим оваа сезона, а потоа и кај Сетиен го покажа својот потенцијал.
Фати оваа сезона запиша 32 настапи во сите натпреварувања на кои постигна 8 гола и запиша една асистенција.
Barcelona and Ansu Fati have agreed on a new contract that would see the youngster's release clause raise to 400 million euros. Fati's signature is the only thing pending. [md] pic.twitter.com/4OCT7WEDdM
— barcacentre (@barcacentre) August 24, 2020