Дома Македонски спорт После Мицевски и вториот вардарец промовиран во Рига

После Мицевски и вториот вардарец промовиран во Рига

Летонска Рига вчера официјално го промовираше Дарко Мицевски, а денес потврден е трансферот и на вториот вардарец во овој клуб, Јован Попзлатанов.

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија помина три години во Вардар и за него ова е прв интернационален трансфер. Попзлатанов е последен во низата фудбалери кои го напуштаат Вардар поради неизвесната иднина на клубот.

Претходно од Вардар си заминаа Чарлстон (Македонија Ѓ.П), Марко Мартинага (Академија Пандев), Матеј Цватановски (Шкупи), Дарко Мицевски (Рига), во Академија Пандев премина и тренерот Васоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Лига Европа: Манчестер Јунајтед против Милан, Мурињо во Загреб

Попладнево се одржа ждребот за осминафиналето во второто по квалитет европско натпреварува…