Дома Фудбал Модриќ утре потпишува за Милан: Сепак Леао не му ја препушта „десетката“, познато е кој број ќе носи!

Модриќ утре потпишува за Милан: Сепак Леао не му ја препушта „десетката“, познато е кој број ќе носи!

Добро информираниот италијански новинар Антонио Витијело открива дека Лука Модриќ во понеделник ќе пристигне во Милано на медицински прегледи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Капитенот на хрватската репрезентација треба да потпише едногодишен договор со „Росонерите“, со цел да остане во врвна форма до Светското првенство 2026 година, по што би требало да ја заврши кариерата.

Иако се појавија шпекулации дека Рафаел Леао би можел да му ја препушти легендарната „десетка“ на Модриќ, медиумите на Апенините тврдат дека тоа сепак нема да се случи.

Според нивните информации, Модриќ треба да носи дрес со број 14, кој го носеше на почетокот на кариерата во хрватската репрезентација и во Тотенхем, и кој остана слободен по заминувањето на Тиджани Рејндерс во Манчестер Сити.

Тренерот Масимилијано Алегри го гледа Модриќ како важен член на екипата и наводно му има ветено гарантирано место во стартната постава, и покрај неговите години и фактот дека набрзо ќе наполни 40 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус тргнува по потписот на Елмас!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и во новата сезона би можел да остане дел од итали…