Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид со сите сили тргнал по Нејмар.
Бразилецот не е задоволен во ПСЖ и веќе неколку недели се шпекулира дека сака да го напушти овој клуб и да се врати во Барселона. Но, во борба за неговиот потпис се вклучи и Реал Мадрид, а Флорентино Перез нема намера да штеди за да го доведе.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Каталонскиот „Спорт“ објави денес дека Реал испратил и официјална понуда за Нејмар вредна 200 милиони евра. Перез верува дека Нејмар би бил огромно засилување за Реал Мадрид и наводно е спремен да го направи и најплатен играч во светот.
Меѓутоа на претседателот на „кралевите“ не му оди во прилог тоа што Нејмар сака во Барселона. Бразилецот се покајал што воопшто заминал и сега сака да се врати.
Се пишува дека иако Реал му понуди повеќе пари на Нејмар од Барселона Бразилецот сепак е одлучен во намерата да се врати, но проблем е што во Каталонија барем во јавноста не изгледаат дека премногу го сакаат назад.
Ќе потсетиме дека пред „Спорт“, „Марка“ вчера на насловната страна најави дека Реал тргнува по Нејмар.