Луис Назарио да Лима познат како, Роналдо, а во поново време „вистинскиот“ Роналдо после долги години во јавноста проговори за својата препознатлива фризура.
Роналдо во 2002 година со осум погодоци беше лидер на Бразил кој стигна до титулата шампион, а денес одлучи да зборува за неговата фризура на која светот се сеќава и денес.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Имав проблеми со коленото и сите зборуваа за тоа. Одлучив да направам таква фризура и кога се појавив на тренингот сите зачудено ме гледаа. Тогаш започнаа да зборуваат за мојата фризура, а помалку за повредата, тоа ми овозможи да тренирам со помал притисок“, откри Роналдо
Легендрниот фудбалер потоа зборуваше за шансите на Бразил на овој Мундијал.
„Оптимист сум, тимот многу се промени во последните две години и очекувам добар резултат. Мислам дека сме фаворити заедно со Германија, Шпанија и Франција, навистина верувам во овој Бразил“, истакна Роналдо.